За маратонот
Пријатели на маратонот
Што е OpenOffice.org?
Што е Mozilla?
Што е KDE?
Што е GNOME?
Слики од маратонот

ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕВЕДУВАЧКИОТ МАРАТОН

мало лого
Слободен Софтвер Македонија

Кликнете овде за и вие да станете маратонец!
(формулар за пријавување)

Може да помогнете и со поставување на еден од следниве банери на вашата страница


Проект за македонски превод на GNOME

GNOME е објектна графичка околина способна да работи на било кој UNIX/Linux систем. Како и поголемиот дел од Слободниот Софтвер, GNOME може да се користи на повеќе јазици - вклучувајќи го и македонскиот. Всушност и тоа е целта на проектот за превод на GNOME на македонски (gnomk) кој што е дел од светскиот проект за локализација на Gnome (Gnome Translation Project).

Членовите на gnomk воедно и членови на "Слободен Софтвер Македонија" се волонтери кои работат на проектот во своето слободно време. Досега преведени се 29.9% од основните апликации кои доаѓаат со оваа графичка околина. Повеќе информации за GNOME на http://www.gnome.org.

Повеќе за преведените апликации:
- Nautilus е графичка школка за работа со датотеки. Со неа можете да копирате, вметнувате, бришете и сечете датотеки, како и да ја прегледувате содржината на тврдиот диск).
- gnome-terminal е типичен Linux терминал преку кој што можете да ги извршувате сите операции на системот.
- Дијалог за стартување на апликации - со внесување на името на потребната апликација во дијалогот за стартување на апликации работата станува многу полесна.
- gnome-panel e панел на кој што веќе однапред зададени ги имате најважните апликации заедно со менито, скокачот помеѓу работните простории и часовникот.
- gnome-desktop е всушност работната околина која доаѓа заедно со сликач за екранот и апликацијата за менување на позадината на работната околина.
- gedit е едноставен текст уредувач кој најчесто се користи за запишување на пократки текстови, пораки, телефонски броеви итн.
- yelp е алатка која ви овозможува да побарате помош за било која апликација на системот.

Апликациите погоре се дел од основните алатки кои доаѓаат со GNOME.

Ангов Арангел
ufo@linux.net.mk

Valid HTML 4.01!

© Слободен Софтвер Македонија 2002