За маратонот
Пријатели на маратонот
Што е OpenOffice.org?
Што е Mozilla?
Што е KDE?
Што е GNOME?
Слики од маратонот

ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА УЧЕСТВО НА ПРЕВЕДУВАЧКИОТ МАРАТОН

мало лого
Слободен Софтвер Македонија

Кликнете овде за и вие да станете маратонец!
(формулар за пријавување)

Може да помогнете и со поставување на еден од следниве банери на вашата страница


Подетални информации за учество на преведувачкиот маратон

 

Маратонот ќе се одржи на 14 и 15 декември 2002 година во редакцијата на компјутерското и информатчко списание PC Info+.

Потребни услови се познавање на англискиот јазик и основна работа со компјутер.

 

Преведувачите ќе бидат поделени во 3 групи и двата дена -
- првата група ќе работи од 8:00 - 15:00 часот
- втората од 15:00 - 22:00 часот и
- третата (ноќна смена) од 22:00 - 5:00 односно додека не заспијат, а бидејќи е маратон ќе мора да издржат што е можно повеќе :-)

Оптимално е секој да помине по една смена во сабота и една во недела. Обезбедено е и слободно (добро - бесплатно :-) ) пиење и јадење за маратонците.

 

Просториите каде ќе се одржи маратонот се наоѓаат во населбата Карпош на раскрсницата одма после автобуската станица кај ЕТФ кога доаѓаме од Ценатар. На бараката има огромен знак на кој пишува ЛДП (во истата барака е и нивното седиште). Влезете во бараката и ќе најдете натписи кои ќе ве одведат до правата просторија.

 

Секако на вас доколку сеуште не сте го направиле тоа ви преостанува да кликнете тука и да го пријавите вашето учество.

 

Ве очекуваме!

 

Valid HTML 4.01!

© Слободен Софтвер Македонија 2002