Информации за маратонците
  • Маратонот ќе се трча во просториите на фондацијата „Метаморфозис“. Видете каде е лоцирана.
  • Маратонот ќе се одвива нон-стоп 54 часа во три смени. Подетално на страната за пријава на учеството.
  • Единствен услов за учество е познaвањето на англиски и македонски јазик. Преводот ќе се врши во програмата за превод КБабел. И ако не знаете како се работи, не се грижете просто е и сè ќе Ви биде објаснето на самиот маратон. Ако сакате можете да го погледнете кусиот водич за работа со КБабел.
  • Секоја смена маратонците ќе добиваат слободни, добро бесплатни ;-), освежувачки пијалоци и ладни сендвичи да се закрепнат од напорната работа.
  • За најиздржливите маратонци „Метаморфозис“ ќе додели неколку награди. Маратонецот или маратонката кој ќе преведе најмногу реченици ќе добие УСБ мемориско стапче. За следните двајца други награди.
  • Исто така, секој маратонец кој ќе преведе повеќе од 1000 реченици ќе добие маица со натпис „Јас го преведував ОпенОфис.орг на македонски“