
Новица Наков е истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер. Новица е член на Слободен софтвер Македонија од нејзиното основање, а од септември 2005 до јануари 2009 служеше како претседател на организацијата.
Новица е дипломиран економист кој се интересира за тоа како економијата од наука за реткоста на добрата ќе се соочи со промената која настанува во светотот на информациите - изобилство и вештачката реткост која ја создаваат застарените бизнис модели.
Тој се интересира информациските и комуникациските технолигии и законите за авторски права, за тоа како тие влијаат во ограничувањето на слободата на луѓето и како можеме да ги спречиме и да ја вратиме слободата во рацете на сите нас.
Новица пишува на текстови и често држи предавања за слободен софтвер, слободна култура и теми блиски до овие. Тој исто така активно придонесуваше во локализирањето на слободен софтвер на македонски јазик особено преку локализирањето на водечкиот прелистувач за Интернет Mozilla Firefox и клиентот за е-пошта Mozilla Thunderbird сѐ до април 2009 г.
Со Новица можете да контактирате на е-пошта: <novica
slobodensoftver.org.mk>.