Слободен софтвер Македонија е непрофитна организација која се занимава со слободен софтвер и слободна култура во Р. Македонија. Слободен софтвер Македонија е посветена на промовирање на слободен софтвер и создавање на свест како за економскиот така и за социо-етичкиот контекст на слободниот софтвер, особено за земјите во развој, како што е и Република Македонија.
Слободен софтвер Македонија исто така неуморно работи на промовирање на слободна култура во услови кога општествениот и технолошкиот напредок овозможува сѐ поголем дел од човештвото да пристапува, создава, променува, објавува и дистрибуира различни видови на дела во дигитална форма.
| Протест против SOPA | Сре, 01/18/2012 - 12:44 |
| 2с.мк на Е-општество 2011 | Саб, 11/26/2011 - 16:48 |
| Поддршка за „Слобода наместо страв“ | Пет, 09/16/2011 - 10:47 |
| 2с.мк и JUGMK Ви го претставуваат: Едно лето | Сре, 05/11/2011 - 14:40 |
| Програма за работа на 2с.мк за 2011 година | Сре, 05/11/2011 - 13:34 |









