You are here

Проектор

Слободен софтвер Македонија (2с.мк) располага со проектор Benq cp220c. Организацијата го купи овој проектор благодарение на јавно собирање донации. Сметаме дека проекторот треба да биде достапен и за други организации - за да не бидат доведени во ситуација (во која 2с.мк била многу пати претходно) да не можат да организираат настани поради причина како што е немање проектор.

Сепак како оскуден ресурс, моравме да дефинираме некои правила за користење на проекторот од други организации.

Накратко, проекторот пред сѐ го користиме за свои потреби. Доколку некој наш настан за кој е потребен проектор се поклопи со друг настан за кој од нас се бара проектор, тогаш проекторот нема да биде достапен.

Исто така проекторот е достапен само за јавни настани од општ интерес. За настани кои се затворени за јавноста, бараат специјални регистрации или имаат други услови не можат да добијат проектор.

Сите оние кои имаат потреба да го ползуваат проекторот со кој располага Слободен софтвер Македонија, треба да го пополнат своето барање минимум 5 работни дена пред да се случува настанот, да напишат за каков настан им треба и за што ќе се употребува и кој е организатор на настанот, како и да остави информации за контакт.

Практично тоа значи дека треба да пишете порака на нашата адреса за е-пошта и да отворите барање во системот за задачи, за да знаат нашите членови дека некому му е потребен проекторот и најдат слободен човек кој ќе го донесе на настанот и ќе го земе откако настанот ќе заврши. Ќе се обидеме да ви одговориме во разумен рок.

Името на корисниците ќе биде објавено на нашата листа на корисници на проекторот.

Слободен софтвер Македонија го задржува правото на транспарентен начин да ги менува правилата за користење на проекторот и да не одговори позитивно на барањето ако проекторот треба да се користи за потребите на нашата организација.

Забелешка: За насоките од кои произлегува ова објаснување, посетете ја страницата „Насоки за раководење со проекторот на Слободен софтвер Македонија.