You are here

Слободен софтвер Македонија учествуваше на третата работилница за изработка на национална стратегија за отворени податоци

Слободен софтвер Македонија, претставувана од Гоце Митевски, учествуваше на третата работилница за изработка на национална стратегија за отворени податоци организирана од Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА), во соработка со Центар за управување со промени (ЦУП).

Во текот на работилницата Слободен софтвер Македонија искажа мислења и забелешки во врска со нацрт-верзијата на Стратегијата за отворени податоци 2018-2020, нацрт-Акцискиот план и Анексите на стратегијата, особено во врска со користењето на отворени податочни формати и софтверски апликации со отворен код.

Повеќе информации на: