По повод 10 години од основањето Слободен софтвер Македонија ќе организира неколку проекции на слободни филмови и филмови кои ги третираат прашањата за авторски права, слободен софтвер и слободна култура. 
Повеќе информации за филмовите се достапни на slobodensoftver.org.mk/slobodnifilmovi/.
Слободен софтвер Македонија се заблагодарува на Кинотека на Македонија за севкупната поддршка за организирањето на овој настан.