You are here

Меморандум за разбирање помеѓу МАСИТ и Слободен софтвер Македонија

Меморандум за разбирање

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Скопје –Македонија

Слободен софтвер Македонија , Скопје – Македонија

МАСИТ и Слободен софтвер Македонија се согласуваат дека:

  1. Сакаат активно да придонесат во унапредување на деловното опкружување, благосостојба и просперитет, на тој начин што ќе ги насочат своите напори кон поттикнување на синергија и афирмација во областите од заеднички интерес, посебно во областа на информатичката технологија, како и во унапредувањето на односите со пошироката деловна заедница, Владата на Македонија, министерствата и со другите институции од заеднички интерес.
  2. Ќе соработуваат преку взаемна размена на информации од областите од заеднички интерес.
  3. Ќе работат на имплементација на заеднички проекти, дефинирани со проектни планови во кои ќе бидат прецизирани одговорностите и активностите на секој партнер.
  4. Во случај некоја од планираните активности да резултираат со приход и трошок, партнерите заеднички ќе го дефинираат буџетот, а преку тоа и обврските и придобивките на двата партнера.
  5. Партнерите се согласуваат да обезбедат синергија во своето делување преку взаемно информирање, афирмација на професионалната етика и кодексите на добро деловно однесување.
  6. Двете страни се согласни дека меморандумот за разбирање не значи и право другата страна истиот јавно да го коментира ниту пак значи можност да се користи името на другиот договарач во комерцијални или некомерцијални цели по пат на било какво јавно или друго презентирање и доведување до врска на имињата на договарачите со комерцијални или некомерцијални активности освен доколку за такво нешто не е склучен посебен договор или освен доколку тоа не произлегува од некој сепаратен акт, за реализација за меморандумот за разбирање.
  7. Меморандумот за разбирање ќе влезе во сила со неговото потпишување од страна на двете страни потписнички.

    Забелешка: Овој меморандум беше потпишан на 25.12.2007 година во Скопје.