You are here

Стартување на OLPC проектот и во Македонијa

UNDP Македонија се подготвува за пилотирање на проект со 50 XO лаптопи од проектот OLPC. Слободен софтвер Македонија ја изрази својата подготвеност за соработка со овој документ уште во јули оваа година.

UNDP Македонија го почнала проектот во две училишта во Скопје. Слободен софтвер Македонија се уште не е контактиранa во врска со овој проект, па по се изгледа, нашиот интерес за соработка е одбиен.

Нашата мисија е да работиме за јавниот интерес, па според тоа и понатаму дел од нашата работа ќе биде меѓународниот проект OLPC. На UNDP Македонија им посакуваме успех во работата на овој проект, советувајќи ги да не ја игнорираат заедницата на корисници на слободен софтвер во Македонија. Оваа заедница и членовите на Слободен софтвер Македонија, веќе години наназад работи на поддршка и локализација на слободен софтвер на македонски јазик.

Нашата работа индиректно ја помага имплементацијата на нивниот проект овозможувајќи софтверот кој тие го користат да биде на македонски, а активни членови на заедницата работат на промоцијата на овој меѓународен проект веќе подолго време.

ПрилогГолемина
PDF icon 2c.mk-olpc-expression-of-interest.pdf185.78 KB