Слободен софтвер Македонија се придружува на светскиот протест против Stop Online Piracy Act -- регулатива која се заканува на слободниот и отворен интернет.
Покрај многуте онлајн ресурси од кои можете да научите нешто околу ова, текстот на EFF прави добар осврт.
Слободен софтвер Македонија и оваа година зеде учество во најголемата конференција во Македонија посветена на ИТ и електронското општество. Овогодинешната тема беше „ИКТ и животната средина: Приказна за отпадот“.
Презентација на темата „Користење на слободен софтвер со постар хардвер“ оддржа Арангел Ангов. Презентацијата можете да ја превземете на врската горе а повеќе за конференцијата можете да најдете на http://e-society.org.mk
| Прилог | Големина |
|---|---|
| 134.77 KB |
Со придружување кон европската иницијатива „Слобода наместо страв – запрете ја манијата на прислушкување“, граѓанските организации од Македонија искажуваат поддршка за напорите на сите бранители на човековите права и слободи кои се залагаат за ограничувањето на прекумерното прислушкување од страна на компаниите и властите.
Од 10 до 19 септември, низ низа европски градови како Берлин, Дрезден, Виена, Луксембург, Варшава и Брисел движењето организира протести и дебати за тоа како да се зачуваат човековите права на приватност од сите форми на следење, особено во дигиталната сфера. Кулминација на активностите се протестите во Брисел на 17 септември, по кои, на 19 септември ќе се одржи и дебата во Европскиот Парламент со парламентарците и персоналот на Европската комисија. Апелот на движењето укажува:
„Манијата на прислушкување продолжува да се шири. Прислушкувањето на работните места, особено е во пораст. Вработените се под надзор и се следат и на работа, понекогаш и во приватниот живот. Истовремено, владините институции не пропуштаат прилики да нè регистрираат, следат и контролираат. Без разлика што правиме, со кого зборуваме, или кому се јавуваме, во кои групи членуваме или кои интереси ги следиме – „големиот брат“ од државата и „малите браќа и сестри“ од деловниот сектор се секогаш чекор напред и испаѓаат попаметни од нас, граѓаните. Ваквиот недостаток на приватност и доверливост го загрозува нашето општество. Луѓето, кои постојано чувствуваат дека се набљудувани и следени, се воздржуваат непристрасно и храбро да застанат во одбрана на нивните права и праведното опшество.
Наводните придобивки за сигурноста кои често се наведуваат како оправдание за прислушкување и контрола, се многу сомнителни: акумулирањето информации за граѓаните не доведува до поголема заштита од криминалот, туку само троши дополнителни милијарди секоја година. Мерките за поселективно и одржливо јакнење на сигурноста се игнорираат. Истото важи и за наоѓање лекови за поитните општествени проблеми, како невработеноста и нееднаквите можности во нашите земји. Над тоа, многустраната агенда за сигурносни реформи води кон конвергенција на надлежностите и соработка меѓу полицијата, тајните служби и војската, со што се разводнува поделбата и рамнотежата на моќ. Ова води и кон намалување на уставните заштити од прислушкување, што нашето општество го изолира од остатокот на светот.
Набљудувањето, како дел од секојдневниот живот, ни влијае на сите нас, не само на малцинствата: Ја загрозува нашата слобода на религија, нашата слобода на изразување и информирање, нашето право на слобода на медиумите, слободата за здржужување и интегритетот на компаниите. Голем број граѓански организации и струкови/професионални здруженија се изложени на исклучително силни мерки на прислушкување и контрола. Меѓу другите, меѓу нив се и работниците во советодавните услуги, здравството, синдикалците, новинарите и адвокатите.
Почитта кон нашата професионална и лична приватност е основен дел од човечкото достоинство. Слободно и отворено општество не може да постои без имплицитни приватни простори и слободна комуникација. Затоа ве повикуваме да се придружите на протестите против прекумерното прислушкување и контрола.
Во Македонија, од особена важност е спротивставувањето на неуставните законски „решенија“ со кои власта повремено се обидува да го легализира неограничениот пристап на полицијата кон електронските комуникации, како и нефункционирањето на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на МВР и МО.
Во РМ, драстичното зголемување на трошоците од буџетот на МВР за специјални мерки на следење, особено на Управата за безбедност и контраразузнавање, не доведуваат до зголемување на делотворноста на МВР. Според податоците објавени на нивниот веб-сајт, бројот на кривични дела е во пораст, а коефициентот на нивна ефикасност на решени случаи опаднал од 61,27% во 2005 г. на 51,03% во 2010 г.
Долупотпишаните граѓански организации ги повикуваат сите граѓани да се придружат кон ова паневропско движење, особено поради тоа што сите загрозување на интегритетот на личните податоци во РМ директно влијаат на загрозување на основните човекови права и слободи, меѓуетничките односи и слободата на медиумите.
Со почит:
• Слободен софтвер Македонија
• Фондација Метаморфозис
• Фондација Отворено општество – Македонија
• Цивил – Центар за слобода
• Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација
• Здружение на граѓани Интернет Хотлајн провајдер Македонија
• Фондација НВО Инфоцентар
• Центар за развој на медиуми
• Македонски центар за европско образование
• Реактор – истражување во акција
Во соработка со JUGMK, Ruby.mk и Python user group Macedonia, Слободен софтвер Македонија го започна проектот „Едно лето“. Идејата е да се реализира проект кој што ќе им овозможи на македонските студенти со помош на поискусни програмери, да научат повеќе за програмските јазици и програмирањето преку нивно практично вклучување во веќе постоечки софтверски проекти. Исто така студентите ќе можат да се запознаат со добрите програмерски практики, работа со versioning системи и системи за пријавување и пратење на грешки.
Зошто би учествувале во „Едно лето“?
- Уникатна можност да се вклучите во заедницата на слободен софтвер.
- Можност да добиете практично искуство кое би користело во вашата понатамошна кариера.
- Можност да работите со некои од најдобрите програмери во Македонија.
- Можност да користите најнови тенологии.
- Уверение за пракса доколку сте студент.
- Не мора да сте во Скопје за да работите.
- Забавно е.
Проектите се достапни на http://wiki.spodeli.org/Едно_лето.
Повеќе информации за проектот можете да најдете на веб сајтот http://ednoleto.mk.
Во 2011 година „Слободен софтвер Македонија“ ќе продолжи со својата јавна дејност на промоција на слободен софтвер и слободна култура на локални, регионални и национални настани.
Истовремено, „Слободен софтвер Македонија“ ќе ја продолжи започнатата меѓународна соработка со организациите: Multimedialni Institut (Хрватска); Chaos Computer Club (Германија); Free Software Network (Србија); FSF Europe. За оваа година планираме неколку активности кои ќе се вклопат во програмските цели на организацијата и ќе имаат значаен удел во промоцијата на слободниот софтвер и културата на разменување (слободна култура).
1. Идејата за хаклаб е идеја за простор кој нема да биде само седиште на
организацијата, туку отворен културен простор каде ќе се негува хакерската култура во технолошка и културолошка смисла. Замислениот центар би бил налик на културен центар, но со специфична ориентација и програма, насочена кон: овозможување на простор и ресурси за работа на заеднички проекти, отворен простор за презентација на нови технологии, културен простор кој ќе презентира содржини од слободната култура, отворено место со интернет каде би можел да дојде било кој што се интересира и сака да дознае нешто ново. Хаклаб КИКА, финансиско и кадрово зајакнување на хаклабот се главните цели за 2011 година на ова автономна технолошка зона. Одржливоста ќе биде главниот предизвик на актерите кои се вклучени во заживување и промовирање на оваа слободна точка, каде што има реализација на предизвиците за секого кој има било каков интерес за хакирање на технологијата и општеството. Редовните настани GNU/Linux прва помош за кој што имаше интерес од јавноста, сподели знаење каде темите се разновидни а целта е размена на знаење и искуство, продолжување на соработката со НВО Компресор за организирање на сподели кино и поддршка на сите редовни активности во хаклабот КИКА.
2. Соработка со Метаморфозис и МИОА на проектот за национална политика за Слободeн софтвер во органите на централната власт на Република Македонија.
3. Хакерски собир со име „Ништо нема да се случи“ (НСНД): Отворен настан кој ќе се одржи во првата половина од 2011 г. во Охрид. На настанот ќе бидат поканети хакери од регионот на сесија во која ќе се разменуваат знаење и искуства.
4. Промоција на слободен софтвер и слободна култура. Слободен софтвер Македонија ќе ги поддржи следните настани поврзани со слободен софтвер во Македонија: Firefox 4 забава, Software Freedom Day, GNOME3 забава и Едно лето).
5. Сподели знаење и сподели кино надвор од Скопје. Ширење на хакерскиот дух низ Македонија и наоѓање на технолошки интересни групи кои недостасуваат или функционираат во другите градови во Македонија. Организирање и поддршка на настани заедно со локалните заедници од сите градовите во државата.
6. Ден на слободен софтвер: Настан кој традиционално се оджува во септември и е мрежа од интернационални случувања за промоција на слободниот софтвер. Оваа година во Македонија, значењето на одбележување на овој ден е проширено, бидејќи со проектите за компјутеризација на образованието, се случи голем пробив во користење на слободен софтвер. Оттука, во оваа година има повеќе засегнати страни (државните институции; бизнис заедница), а „Слободен софтвер Македонија“ ќе работи на тоа да ги вклучи сите нив во овој настан.
7. Изработка и објавување на студија за македонските проекти за локализација на слободен софтвер.
Целата програма за 2011 година, можете да ја најдете тука.
На редовното годишно собрание на Слободен софтвер Македонија оддржано на 13.02.2011 год. (недела) во Хаклабот КИКА со почеток во 17 часот беа изгласани следниве документи:
- ОДЛУКА за избор на органи.
- ОДЛУКА за прогласување на почесни членови.
- ОДЛУКА за прием на нови членови.
- ОДЛУКА за насоките за редовни состаноци на Слободен софтвер Македонија.
Слободен софтвер Македонија оддржа и две вонредни собранија од кои што првото на 20.04.2011г. и второто на 07.05.2011г. Вонредните собранија беа свикани со цел да се донесат одлуки во врска со програмата на организацијата како и донесувањето на одлуки во врска со барањето на некои членови за суспендирање на нивното членство.
Записникот од годишно собрание можете да го најдете тука.
Записникот и документите од првото вонредно собрание можете да ги најдете тука.
Записникот од второто вонредно собрание можете да го најдете тука.
Согласно статутот Слободен софтвер Македонија ќе одржи собрание на 20.04.2011 година во КИКА хаклаб, со почеток во 18 часот со следнава точка на дневниот ред:
1.Усогласување на актите на организацијата согласно Законот за здруженија и фондации (Службен весник на Република Македонија, бр. 52/2010)
По повод објавувањето на прелистувачот Mozilla Firefox 4, Слободен софтвер Македонија и македонската Mozilla заедница, со голема помош од ЗКТ Компресор, организираат мала Firefox 4 забава во старата скопска чаршија.
На репертоар се планирани кратки презентации околу Firefox 4, дружење, забава и секако торта :)
Мапа до локацијата: http://maps.google.com/?ie=UTF8&ll=42.000853%2C21.438124&spn=0.001511%2C...
Откако завршија јавните средби по повод текстот на националната политика за слободен софтвер составена е претпоследна верзија. Оваа верзија уште еднаш ја оставаме на јавна расправа се до петок (08.04.2011), кога финализираниот текст ќе биде доставен до Министерството за информатичко општество и администрација со цел да се усвои како владина политика.
Со таа цел, ги молиме сите заинтересирани да достават свои забелешки или во делот за коментари или на имејл адреса. Повеќе за јавните настани можете да видите тука.
Однапред благодариме.
| Прилог | Големина |
|---|---|
| 210.42 KB |
По повод објавувањето на GNOME 3, Слободен софтвер Македонија организира настан на кој што ќе бидат прикажани новите опции и можностите на GNOME 3. Исто така ќе биде објаснет процесот за приклучување во GNOME заедницата. Настанот ќе се случи во хаклабот КИКА на 06 април во 19.00ч. Исти вакви настани се оддржуваат во целиот свет со цел да им се приближи проектот GNOME на локалните заедници и да се охрабрат истите да учествуваат во него.

GNOME е една од најстарите работни околини во светот на слободниот софтвер и е дел од повеќето популарни дистрибуции на GNU/Linux. Се работи за модерна „десктоп“ околина која што ги нуди сите основни алатки со графички интерфејс кои што би можеле да му требаат на секој корисник на GNU/Linux.
Повеќе за проектот GNOME можете да прочитате тука додека пак за промените претставени во најновата верзија тука. Доколку сакате да го пробате, GNOME 3 е достапен во вид на live image на истата