можеби е добро да се преименува отворени формати во отворени стандарди, но и да се прегледа уште еднаш текстов да не има конфликт неко со новодонесени закони и сл.
I Општи одредби
Член 1
Со овој закон се уредува употребата на слободен софтвер и отворени формати на сите информациони системи во сите корисници на буџетот.
Примена на законот
Член 2
Со овој закон се опфаќаат сите корисници на буџетот, единките корисници, буџетите на единиците на локалната самоуправа и фондовите како што е дефинирано во Законот за буџет на Република Македонија.
Дефиниции
Член 3
Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:
(5) "Неслободен софтвер" е оној софтвер кој не ги исполнува условите од член 3 став 5 од овој закон.
(6) "Изворен код" е комплетното множество на наредби во форма на електронски изворни датотеки, создадени или променети од авторите, како и сите дополнителни табели, слики, спецификации, документација и други елементи кои се потребни за составување на извршна програма. Сите оние алатки кои се вообичаено достапни (преведувачи, библиотеки, оперативни системи) и претставуваат слободен софтвер, можат да бидат исклучени.
(7) "Отворен формат" е опис на начинот како податоците треба да се снимаат и пренесуваат и тојовозможува:
* податоците да бидат достапни до секој кој сака да ги проучи, користи или имплементира;
* форматот на податоците не смее да го обврзува корисникот да користи софтвер од одреден производител, со што ќе ги деградира перформансите или оневозможи правилно функционирање на конкурентскиот производ;
* коористење од било кој под еднакви услови без плаќање на лиценцата;
* креирање на формати кои се негови деривати се додека тие ги усполнуваат претходно наведените услови.
II УПОТРЕБА НА СЛОБОДЕН СОФТВЕР
Член 4
Корисниците наведени во член 2 од овој закон ќе употребуваат слободент софтвер и отворени формати во своите информациони системи.
Член 5
Во случаите кога нема слободен софтвер кој ги задоволува потребите на корисниците дефинирани во член 2 од овој закон, како замена може да се користи неслободен софтвер.
Член 6
За користење на неслободен софтвер корисниците ќе бараат дозвола од органот надлежен за издавање на таква дозвола. Во барањето ќе се наведе потребата за софтверот и количината од бараниот софтвер.
Дозвола се издава на неограничен рок доколку софтверот ги исполнува сите услови од член 3 став 5 од овој закон, освен можноста за редистрибуирање на променетиот софтвер.
Дозволата се издава за период од две години доколку нема софтвер кој ги исполнува условите од член 6 став 2 од овој закон. Дозволата може да се обнови и за понатамошни 2 години доколку на пазарот нема соодветен слободен софтвер кој ги задоволува потребите на корисникот.
Член 7
Органот на барањето одговара позитивно или негативно во рок од 1 месец по пристигањето на барањето. Ваквата одлука може да се обжали.
Член 8
Дозволата која се издава ќе го вклучува видот и бројот на софтверот, условите за употреба и аргументите за нејзиното издавање. Дозволата ќе биде објавена во "Службен весник на Република Македонија".
Член 9
Со добивањето на дозволата, корисниците дефинирани во член 2 од овој закон, се обврзани да ги задржат податоците во отворен формат. Непочитувањето на ова, ќе води до одземање на дозволата.
Член 10
Oбразовните институции можат да бараат дозвола за користење на неслободен софтвер за истражувачки цели. Ова ќе им биде дозволено ако целта на истражувањето е директно поврзана со користењето на софтверот.
Член 11
Издавањето на дозволи на корисници кои вршат работи од одбраната и безбедноста на државата ќе се извршува во согласност со законите кои го уредуваат начинот на работа на овие корисници.
III ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 12
За спроведувањето на овој закон ќе се формира Комисија за слободен софвер. Комисијата ќе се формира во рок од 1 месец по стапувањето на сила на овој закон. Нејзината работа ќе се дефинира со посебен акт.
Член 13
Надлежниот орган во рок од шест месеци од стапување на законот на сила ќе ги утврди условите и начинот на промена на софтверот кој е досега користен со софтвер кој ги задоволува условите на овој закон за корисниците од член 2 од овој закон.
Член 14
За период од 2 години од стапување на законот на сила корисниците дефинирани во член 2 од овој закон ќе ги прилагодат своите информациони системи во согласност со овој закон.
Член 15
Информационите системи на телата од член 2 кои користат неслободен софтвер, а кои за истиот имаат платено лиценци, ќе се прилагодат на овој закон кога тие лиценцни договори ќе истечат.
Член 16
Овој закон стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".