http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2028&stID=11644
Триесетина члена на невладината организација "Слободен софтвер -Македонија", викендов во редакцијата на компјутерското списание "ПЦ инфо", почна 36-часовна маратонска локализација на софтверски продукти.
Целта на овој "новогодишен подарок" е да се преведат моќни софтверски пакети на македонски јазик, кои ќе им бидат понудени бесплатно на сите заинтересирани корисници.
Со ваквите софтверски програми во сите институции, компании или поединци ќе можат бесплатно да ги користат пакетите и во иднина нема да има потреба да се купуваат од прескапите софтверски пакети, кои патем, се главно на странски јазици. Со ваков софтвер на македонски јазик и обуката за работа на компјутери ќе трае побрзо и поефикасно.
18 март 2006 ( повеќе ми личи ко за 2003 )