| Прилог | Големина |
|---|---|
| 185.78 KB | |
| 56.18 KB | |
| 3.65 KB | |
| 3.2 KB | |
| 2.84 KB |
UNDP Македонија се подготвува за пилотирање на проект со 50 OLPC лаптопи. Слободен софтвер Македонија ја изрази својата подговтвеност за соработка со овој документ уште во јули оваа година.
UNDP Македонија го почнала проектот во две училишта во Скопје. Слободен софтвер Македонија сеуште, не е контактиран во врска со овој проект, па по се изгледа, нашиот интерес за соработка е одбиен.
Нашата мисија е да работиме за јавниот интерес, па според тоа и понатаму дел од нашата работа ќе биде меѓународниот проект OLPC. На UNDP Македонија им посакуваме успех во работата на овој проект советувајќи ги да не ја игнорираат заедницата на корисници на слободен софтвер во Македонија. Оваа заедница и членовите на Слободен софтвер Македонија, веќе години наназад работи на поддршка и локализација на слободен софтвер на македонски јазик.
Ова, индиректно ја помага имплементацијата на нивниот проект овозможувајќи софтверот кој тие го користат да биде на македонски, а активни членови на заедницата работат на промоцијата на овој меѓународен проект веќе подолго време.