Преамбула
Со влегувањето во дигиталната ера во која реалниот и виртуелниот простор подеднакво ќе го одредуваат идниот културен, општествен и научен развој на општеството, Слободен софтвер Македонија има долгорочна цел да се занимава со прашањата кои ќе произлезат од ова.
Во оваа смисла, основната функција на Слободен софтвер Македонија е несебичната промоција на слободниот софтвер како и креирање и пропагирање на свесност за поврзаните социјални и филозофски прашања.
Слободен софтвер Македонија е целосно посветена на промовирање и дистрибуирање на слободниот софтвер (англиски Free Software), како што е дефиниран од проектот ГНУ (http://www.gnu.org) и Фондацијата за слободен софтвер (http://www.fsf.org) и нејзините сестрински организации како што е Европската фондација за слободен софтвер (http://www.fsfeurope.org).
Терминот слободен софтвер се однесува на следниве четири слободи:
Дефиницијата на слободниот софтвер потекнува од идејата за слободна размена на знаење и идеи која традиционално се наоѓа во научните полиња. Како и мислите, софтверот не е предмет, и може да се размножува без загуба. Споделувањето поттикнува еволутивен процес, што води до напредок на мислите и софтверот.
Само слободниот софтвер ја задржува можноста за разбирање и надградба на научните резултати. За научниците, тој е единствениот софтвер кој коренсподира со идеалите за слободна наука. Според тоа, промоцијата на слободен софтвер е исто така промоција на наука.
Дистрибуцијата на информации и формирањето на мислење сѐ повеќе се прави преку дигиталните медиуми, и ваквиот тренд ја охрабрува употребата на овие медиуми за директно учество на граѓаните во демократските процеси. Затоа една од централните задачи на Слободен софтвер Македонија е да ги обучи граѓаните за работа со овие медиуми, со што ќе се промовира демократијата.
Дигиталниот простор, со софтверот како негов медиум и јазик, има огромен потенцијал за промоција на менталните и културните аспекти на човештвото. Со правењето на овој софтвер насекаде достапен и со отварање на медиумот слободниот софтвер овозможува еднакви шанси за заштита и приватност.
Градење на свесноста за проблемите поврзани со дигиталната ера во сите делови на општеството е долгорочна цел и централен аспект на работата на Слободен софтвер Македонија.
Затоа Слободен софтвер Македонија сака да ја зголеми употребата на слободен софтвер во училиштата и универзитетите со цел да промовира образование кое ќе придонесе за разбирање на проблемите на виртуелниот простор.
Слободниот софтвер гарантира видливи резултати во полето на науката и јавниот живот воопшто преку гарантирање на индивидуалните права за слободен развој на личноста и правото за слободно изразување на мислење. Главната дејност на Слободен софтвер Македонија е да го донесе слободниот софтвер во сите сфери кои што ја допираат јавноста и човековите права во сферата на информациите.
Име, седиште и печат
Член 1
Името на здружението е Слободен софтвер Македонија.
Член 2
Седиштето на здружението е во Скопје, на ул. Злате Михајловски бр. 26.
Цели, задачи, непрофитен карактер
Член 3
Слободен софтвер Македонија постои за промовирање, развој и дистрибуција на слободен софтвер со цел да се поддржи слободната размена на информации и еднаквите шанси за достапност до софтвер, како и образование во согласност со принципите истакнати во преамбулата.
Член 4
Целите на Слободен софтвер Македонија ќе се постигнат преку:
Член 5
Слободен софтвер Македонија работи непрофитно.
Член 6
Средствата на Слободен софтвер Македонија се користат само за нејзини потреби.
Членство
Член 7
Слободен софтвер Македонија има членови и соработници.
Член 8
Членовите плаќаат чланарина, имаат право на глас во Собранието и право да бидат бирани во органите на Слободен софтвер Македонија. Тие имаат задача да го претставуваат здружението и да ги спроведуваат обврските што за нив произлегуваат од овој Статут.
Член 9
Соработници на Слободен софтвер Македонија се сите оние кои се дел од официјалните електронски поштенски листи на здружението, и се организирани во кориснички групи или на друг начин. Тие немаат никакви обврски и задолженија кон здружението. Секое физичко лице може да биде соработник на Слободен софтвер Македонија.
Стекнување на членство
Член 10
Нови членови се примаат кога здружението има потреба од лица кои ќе вршат некоја специфична функција или работа. Потребата за нови членови ја одредува Претседателот на Слободен софтвер Македонија и тој распишува конкурс за примање на нови членови.
Член 11
Секое физичко лице постаро од 16 (шестнаесет) години, кое било активно како соработник и има поддршка од пошироката заедница може да стане член на Слободен софтвер Македонија. Потребните документи за конкурсот се испраќаат до Претседателот на Слободен софтвер Македонија.
Член 12
Собранието одлучува за конкурсот за членство со 3/4 (три-четвртинско) мнозинство од сите членови. Во случај на одбивање, Собранието нема обврска да ја објаснува својата одлука.
Крај на членството
Член 13
Членството истекува:
Повлекувањето се прави со изјава во пишана форма до Претседателот. Повлекувањето може да се направи во било кое време.
Член 14
За важни причини, доколку довербата помеѓу членовите е нарушена, некој член може да биде исклучен од здружението со одлука на Претседателот. Пред да се донесе одлуката, Претседателот мора да му даде време на членот да ја објасни својата позиција во пишана форма. Одлуката на Претседателот мора да биде доставена до членот во пишана форма. Членот може да ја обжали одлуката. Жалбата мора да биде доставена во пишана форма најдоцна 5 (пет) дена од добивањето на одлуката од Претседателот. Собранието се закажува најдоцна 5 (пет) дена од добивањето на жалбата. За потврдување на одлуката на Претседателот потребно е 3/4 (три-четвртинско) мнозинство од преостанатите членови. До конечната одлука околу исклучувањето, членот е суспендиран од сите права и обврски во рамките на здружението.
Придонес на членовите
Член 15
Членовите придонесуваат во работата на здружението со извршување на одредени активности, со извршување на некоја функција во здружението или со учествување во проектите кои се под покровителство на здружението.
Тела на здружението
Член 16
Телата на Слободен софтвер Македонија се:
Претседател
Член 17
Претседателот го застапува здружението.
Задачи на Претседателот
Член 18
Претседателот е одговорен за сите работи на Слободен софтвер Македонија освен доколку тие со Статут не се одредени како обврска на друг орган. Конкретно тој е задолжен за:
Член 19
Претседателот ги води финасиите според финансискиот план кој го одобрува Собранието со 3/4 (три-четвртинско) мнозинство од сите членови.
Избор и времетраење на мандатот на Претседателот
Член 20
Претседателот го избира Собранието. Мандатот трае 2 (две) години од денот на изборот. Тој останува на функција сѐ до изборот на новиот Претседател.
Член 21
За избор може да се кандидираат само членови на Слободен софтвер Македонија. Со прекинување на членството, престанува да важи и функцијата.
Член 22
Ако Претседателот прерано ја напушти својата должност, Потпретседателот го застапува здружението до следниот избор на Претседател. Дополнително, Потпретседателот во рок од еден месец мора да свика Вонредно Собрание за избор на нов Претседател на здружението.
Потпретседател
Член 23
Потпретседателот го заменува Претседателот во следниве случаи:
Член 24
Овластувањето од Претседателот мора да биде во пишана форма. Потпретседателот ја врши функцијата на Претседател во периодот кој е назначен во овластувањето. Овластување може да се даде доколку Претседателот не може да ја врши својата функција повеќе од една недела поради болест или други причини.
Член 25
Потпретседателот го избира Собранието. Мандатот трае 2 (две) години од денот на изборот. Тој останува на функција сѐ до изборот на нов Потпретседател. За избор може да се кандидираат само членови на Слободен софтвер Македонија. Со прекинување на членството, престанува да важи и функцијата.
Член 25
Ако Потпретседателот прерано ја напушти функцијата, Собранието избира нов Потпретседател во рок од 1 (еден) месец по напуштањето на функцијата.
Секретар
Член 26
Секретарот ја води канцеларијата на Слободен софтвер Македонија.
Член 27
Секретарот ги одредува клучевите за енкодирање на дигиталните текстови и документи.
Член 28
Секретарот го избира Собранието. Мандатот трае 2 (две) години од денот на изборот. Тој останува на функција сѐ до изборот на нов Секретар. За избор може да се кандидираат само членови на Слободен софтвер Македонија. Со прекинување на членството, престанува да важи и функцијата.
Член 29
Ако Секретарот прерано ја напушти функцијата, Претседателот може да избере наследник до крајот на мандатот.
Извршен орган
Член 30
Извршниот орган е составен од Претседателот, Потпретседателот и Секретарот.
Член 31
Извршниот орган заседава полноважно ако се присутни најмалку 2 (два) члена од кои еден е Претседателот. Одлуки се донесуваат со просто мнозинство на гласови.
Задачи на Извршниот орган
Член 32
Извршниот орган е задолжен за следниве задачи:
Собрание
Член 33
Секој член има право на глас во Собранието. Правото на глас членот го исполнува самостојно или доколку е оневозможен, правото го исполнува Претседателот со овластување од членот во пишана форма. Овластувањето важи само за даденото Собрание.
Член 34
Собранието е задолжено за:
Свикување на Собрание
Член 35
Редовното Собрание на здружението се одржува во првиот месец од секоја календарска година. Точниот датум на одржување на редовното Собрание го одредува Претседателот. Поканите се во пишана форма. Тие го содржат датумот, деталните информации за Собранието и дневниот ред, како и други потребни информации. Поканите до членовите ги испраќа Претседателот, при што поканата се смета за испратена доколку е адресирана до последната позната адреса или е-пошта на членот или официјална електронска поштенска листа на Слободен софтвер Македонија. Поканите се испраќаат најмалку 10 (десет) дена пред денот на одржувањето на Собранието. Информации за одржувањето на Собранието се објавуваат и на веб страниците на Слободен софтвер Македонија.
Член 36
Дневниот ред го утврдува Претседателот. Секој член може да побара дополнување на дневниот ред. Барањата се испраќаат во пишана форма најдоцна до 3 (три) дена пред одржувањето на редовното Собрание. Претседателот ги објавува дополнувањата на дневниот ред на почетокот на Собранието. За дополнување на дневниот ред во тек на собраниската седница одлучува Собранието.
Вонредно Собрание
Член 37
Претседателот може да свика Вонредно Собрание во било кое време. Вонредно Собрание може да се свика и на барање на 1/5 (една петина) од сите членови. Барањето со дополнително образложение се доставува до Претседателот во пишана форма. Вонредното Собрание се одржува најдоцна 5 (пет) дена по испраќањето на поканите.
Одржување на Собранието
Член 38
Собранието го води Претседателот, Потпретседателот или Секретарот, по тој редослед. Записникот го води Секретарот. Ако тој е во неможност, претседавачот на Собранието го одредува записничарот пред почетокот на Собранието.
Член 39
Типот на гласањето го одредува претседавачот на Собранието. Типот на гласањето може да се промени доколку ова го побараат една третина од присутните членови.
Член 40
Собранието заседава полноважно ако е правилно свикано и ако 1/2 (една половина) од членовите е присутна или претставувана од присутни членови. Доколку Собранието нема кворум, се свикува повторно најдоцна за 5 (пет) дена со истиот дневен ред. Повторното Собрание е полноважно без разлика на бројот на присутни и претставувани членови. Ова треба да се наведе во поканата.
Член 41
Доколку не е поинаку наведено во овој статут Собранието донесува одлуки со просто мнозинство на гласови од присутните членови. За промена на статутот потребно е 3/4 (три-четвртинско) мнозинство од сите членови. За распуштање или промена на целите на Слободен софтвер Македонија потребна е едногласна одлука од сите членови. За последните, претставување на членови преку одобрување во пишана форма не е дозволено.
Член 42
На избори победува оној кој добил повеќе од половина од гласовите. Доколку никој не добил повеќе од половина гласови, изборите продолжуваат со двајцата кандидати кои имаат највеќе гласови. Победува оној кој ќе добие повеќе гласови. При ист број на гласови изборите се повторуваат.
Член 43
Од Собранието се чува записник кој треба да го потпише претседавачот на Собранието и записничарот. Записникот содржи информации за дата и време на одржување на Собранието, име на претседавачот и записничарот, број на присутни членови, дневен ред, тип и резултати на изборите. Доколку се донесат промени на статутот, тие треба точно да бидат забележани.
Престанок на работа на Слободен софтвер Македонија
Член 44
За престанок на работа одлучува Собранието како што е одредено со овој статут.
Член 45
Целиот имот на Слободен софтвер Македонија по ликвидацијата се донира за развој на слободен софтвер. Одлуката за тоа на кого ќе му биде доделена донацијата ја носи Собранието.
Член 46
Ако Собранието не одлучи поинаку, здружението го ликвидира Претседателот.
Пишана форма
Член 47
Пишаната форма подразбира:
Забелешка: Овој документ го донесе собранието на Слободен софтвер Македонија на 22.09.2005 година во Скопје.
| Прилог | Големина |
|---|---|
| statut-2c.mk.pdf | 125.49 KB |